Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 502 нови случаи на коронавирус, починаа 18 лица

Во Хрватска 502 нови случаи на коронавирус, починаа 18 лица

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 502 нови случаи на коронавирус, починаа 18 лица, а бројот на активни случаи е 2.219.

Меѓу нив, 884 пациенти се во болница, од кои 82 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на коронавирус во Хрватска, регистрирани се вкупно 238.501 лице заразено со новиот коронавирус, од кои 5.375 починале, вкупно 230.907 оздравеле, од кои 224 во последните 24 часа.

Во моментов има 11.050 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 1.282.357 лица, од кои 7.348 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад