Утрински Весник
Македонија

Во Скопје викендов прво прскање против ларви од комарци

Во Скопје викендов прво прскање против ларви од комарци

Градот Скопје известува дека во сабота, во раните утрински часови, ќе се врши авионска дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни и во истиот термин, велат од Град Скопје

Од таму ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можете да прочитате

МНР: Двајца од загинатите во Словенија се малолетни лица

Николоски: Автопатот Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен

Во Кочан уапсени двајца крадци