Утрински Весник
Македонија

Во сите ковид центри во земјава се лекуваат 1.045 пациенти од корона вирус, има околу 300 празни болнички кревети

Во сите ковид центри во земјава се лекуваат 1.045 пациенти од корона вирус, има околу 300 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава изнесува 1.045 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатото деноноќие во сите ковид центрите во болниците низ земјава се пријавени вкупно 631 пациент на лекување, позитивен и суспектен на корона вирусот, соопштуваат од ова министерство. Според извештаите од болниците, во Битола се хоспитализирани 44 пациенти, во болницата во Штип има 57 пациенти, на  инфективното одделение во Тетово лежат 36 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни  на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид се 65 пациенти, во Прилеп 72, во ковид центарот во Гостивар 35, а во Струга има 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 61 пациент, во Кочани 19, во Кичево 20, Кавадарци 36, во Гевгелија 19 лица, а во Дебар 6 позитивни лица, суспектни на корона вирусот.

„Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, соопштија од Министерството за здравство.
 

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Поврат на персоналниот данок за вработените мајки и измени во јавните набавки пред собраниската Комисија за финансирање и буџет

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија

Во Собранието продолжува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа