Утрински Весник
Македонија

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, 26 лица починаа

ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати од коронавирус

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26 починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 2.660 тестирања. Најголем број случаи се потврдени во Скопје – 110. Во Куманово – 44, Охрид – 18, Струмица – 17, Прилеп и Тетово– 13, Штип – 11, Битола, Велес и Кичево – по 10, Свети Николе – 9, Кочани и Виница – по 8, Радовиш –6, Гостивар и Дебар – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Берово и Делчево – по 2, Пробиштип, Валандово и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 26 починати лица: осум од Скопје (52г,59г,63г,66г,71г,77г,80г и 83г), по две починати лица од Куманово (77г и 86г), Прилеп (73г и 83г) и Гостивар (62г и 69г) и по едно починато лице од Велес (78г), Кавадарци (75г), Охрид (73г), Штип (67г), Струмица (65г), Кочани (68г), Кичево (71г), Ресен (77г), Радовиш (65г), Берово (75г), Делчево (57г) и Валандово (72г). Од пријавените, 24 се починати во болнички, а две лица во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 731.997 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, бројката на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874.

Можете да прочитате

Тешко повреден жител на Миладиновци починал на Клинички, паднал од тераса на куќа

Мојсоска: Добивме повеќе министри за здравство за две години отколку што се изградени клинички центри за 35 години

Приведен двапати во еден ден, прво на Галичка свадба, па на улица во Гостивар