Утрински Весник
Македонија

Преземени сите мерки за утрешната традиционална Литија во Струга, ќе се одвива под посебен протокол

Преземени сите мерки за утрешната традиционална Литија во Струга, ќе се одвива под посебен протокол
Ss2

Во пресрет на верската манифестација ЕОРДИЈА-ЛИТИЈА, што утре од 15 до 19 часот ќе се одржи во Струга а во чест на празникот С.Ѓорѓија Победоносец“, од струшката полиција информираат дека се преземни сите неопходни мерки за безбедносно одвивање на црковната процесија со акцент на строго придржување до превентивните мерки и препораки за заштита на населението од Ковид-19 вирусот.

Од таму појаснуваат дека во периодот од 04 до 06 мај 2021 година, претставници на СВР Охрид и ОВР Струга, одржале работни состаноци со претставници на црквата „Св.Ѓорѓи“ во Струга, на кои, им била нагласена потребата од доследно и дисциплинирано придржување до сетот мерки и препораки на здравствените органи и владините мерки за заштита од коронавирусот и при вршење на верските служби и други активности за време на литијата, црковните и другите лица, строго да се придржуваат до одредбите за држење социјална дистанца и носење заштитни маски.

300x250 (7)

„Црковните претставници кои беа во постојан контакт со МПЦ-ОА, информираа за планираните активности пред и за време на одржувањето на Литијата кои целосно се во согласност со сетот превентивни мерки и нагласија дека Литијата ќе биде составена од локалното свештенство и монаштво. Посочија дека ќе бидат ангажирани други црковни лица и претставници на агенција за обезбедување, со цел непречено и безбедно одвивање на предвидениот верски настан“, стои во писмениот допис.

Од струшката полиција нагласуваат дека имаат изготвено оперативен план и во согласност со истиот, на 07.05.2021 година, ќе биде извршено физичко покривање на поширокиот дел од црквата „Св.Ѓорѓи“ како и целокупната траса по која ќе се движи црковната процесија и нема да биде дозволено групно движење позади поворката.

Од таму упатија апел до верниците, настанот да го следат од страна без придружување кон поворката и целосно придржување до препорачаните хигиенско-безбедносни мерки со цел, заштита на јавното здравје на населението од Ковид-19.

Ss1

Можете да прочитате

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

(ВИДЕО) Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ