Утрински Весник
Македонија

Во Македонија две дози вакцина примиле над 750.000 граѓани

Во Македонија две дози вакцина примиле над 750.000 граѓани
Img 5587

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.504 дози вакцини, од кои 713 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 57 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со 14 октомври вкупно се вакцинирани 797.988 граѓани, ревакцинирани се 758.001, а трета доза примиле 1.039 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

300x250 (7)

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ