Утрински Весник
Македонија

Во изминатите два месеца четвртина од заразените со ковид биле целосно вакцинирани

Во изминатите два месеца четвртина од заразените со ковид биле целосно вакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи со Ковид-19, во периодот од 6 август до 14 октомври.

Според анализата, за вакцинирани се сметаат лицата кои биле вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза вакцина.

Како што информираат од ресорното министерство, во споменатиот период на територија на државата 40.208 граѓани биле позитивни на Ковид-19, а од нив 25% биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица.

Од министерството посочуваат дека сепак и натаму осанува голем бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19.

„Според статистиката за изминатите два месеца, 30.142 граѓани, односно 74,9% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79%, додека само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани“, се наведува во соопштението.

Анализата покажува и дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.

„Во периодот од 6 август до 14 октомври на територија на државата починале 1.382 пациенти со Ковид-19, од кои 1.149 пациенти, односно 83% не биле вакцинирани, а само 17%, односно 233 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас“, велат од Министерството за здравство од каде уште еднаш укажуваат на важноста од вакцинација.

Можете да прочитате

ДИК в понеделник ќе има на маса 27 приговори за парламентарните избори

Политичките партии поднесоа 27 жалби за парламентарните избори

Жител од Теарце со изгореници завршил во болница откако му се запалил домот