Утрински Весник
Свет

Во Кина 206 нови случаи на коронавирус

Вонредна состојба во Пекинг, стотици луѓе тестирани на коронавирус

Во Кина во последните 24 часа се потврдени 206 нови случаи на коронавирус, додека нов бран нa епидемијата се заканува да го поништи успехот на земјата во борбата против вирусот една година по почетокот на карантинот Вухан.

99 од 107 нови симптоматски случаи биле локално пренесени, а останатите биле увезени од странство. Останатите 99 нови случаи се асимптоматски.

Во провинцијата Хебеи пријавени се 15 нови случаи, а во главниот град на таа провинција, Шиџијазуанг, епидемијата што избувна на почетокот на јануари сè уште не е потисната и покрај масовните тестирања и строги мерки.

Пекинг и Шангај објавија дека имаат по три случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нетанјаху: Барањата на Ганц ќе доведат до пораз и создавање на палестинска држава

Членот на израелскиот воен кабинет Ганц најави заминување од Владата ако до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план

ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа