Утрински Весник
Свет

Во експлозија на аеродромот на Крим загина едно лице, а осум се повредени

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродром на Крим, соопшти локалното Министерство за здравство.

dobivaj vesti na viber

„Бројот на повредени во населбата Новофјодоровка во областа Саки се искачи на осум, додека едно лице го загуби животот“, објави Министерството на Телеграм, пренесе ТАС С.

Познато е дека меѓу повредените има и две деца и тие се префрлени во окружната болница, а од сите повредени само едно лице е задржано на болничко лекување.

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот