Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Подобро да падне Заев отколку индустриското производство

(Видео) Заев: Го бараме вашиот глас за да продолжиме напред уште побрзо

Индустриското производство драматично падна за 15 отсто во вториот квартал, а Зоран Заев си вози луксузни мотори, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, додавајаќи дека е подобро да падне Заев отколку индустриското производство.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека се очекува поскапување на електричната енергија , а Заеви си делат тендери во РЕК Битола и го полнат со партиски послушници.

„Секојдневно десетици граѓани ги губат животите, а стотици го губат здравјето како резултат на ескалацијата на корона кризата, а Заев и Филипче само лажат дека ситуацијата била под контрола. Освен полнење на сопствените џебови, Заев и неговите соработници не ги интересира ништо друго, а најмалку проблемите на граѓаните. Наместо капитални инвестиции, проекти и нови фабрики како што ветуваше СДСМ, сведоци сме на рекет, корупција, уцени и нарачани судски одлуки. Тоа е реалната слика за овие луѓе кои повеќе од три години пустошат во државата и при тоа секојдневно ги лажат граѓаните дека државата е на добар пат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се додава дека на Македонија не и се потребни политичари од типот на Зоран Заев кои освен лаги и манипулации не знаат ништо друго, туку луѓе кои се чесни, стабилни и професионалци во својата област на делување, кои ќе придонесат за подобро утре.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата