Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во кое својство Заев се сретна со Петков во Истанбул?

ВМРО-ДПМНЕ: Во кое својство Заев се сретна со Петков во Истанбул?

Во кое својство експремиерот, Зоран Заев, оствари средба со бугарскиот премиер, Кирил Петков во Истанбул, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако Заев вчера објави дека заедно со поранешниот министер за здравство, Венко Филипче присуствувале на Форумот за дипломатија во Анталија.

„Што договараше зад затворени врати со оглед на тоа дека Владата на Македонија го држи целиот процес зад затворени врати. Дали премиерот во сенка Заев, се сретна со Петков, затоа што пиунот Ковачевски не си ја врши добро работата? Да потсетиме дека Ковачевски одбива национално единство во Македонија однос на прашањето со Бугарија, и се уште нема став за тоа дали ќе побара писмени гаранции за историјата, јазикот и идентитетот на Македонија“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Можете да прочитате

Пијан скопјанец ги претепал мајка си и сестра си

Уапсени 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник

СДСМ: Македонија е со највисока стапка на западнонилска треска во Европа