Утрински Весник
Спорт

Влаховиќ ја продолжи голгетерската серија – Фиорентина ја декласира Салернитана

Влаховиќ ја продолжи голгетерската серија – Фиорентина ја декласира Салернитана

Фиорентина ја декласира Салернитана со 4:0, во 17.коло, во Серија А. Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ ја продолжи голгетерската серија и на овој натпревар.

Влаховиќ постигна два гола, во 51. и 84.минута. Со овие два гола Влаховиќ дојде до бројката од 32 гола во оваа календарска година. Еден гол го дели од рекордот на Роналдо од 2020 година.

Покрај овие двајца, во последните 60 години, само уште Лука Тони успеал во една година да постигне најмалку 30 голови.

Покрај Влаховиќ меѓу стрелците се запишаа Бонавентура и Малех.

Фиорентина со 30 бодови се наоѓа на петтото место на табелата.



> Влаховиќ ја продолжи голгетерската серија – Фиорентина ја декласира Салернитана <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД