Утрински Весник
Македонија

Викендов ќе се сечат две тополи на булеварот Борис Трајковски

ЈП Паркови и зеленило информираа дека викендов 30 и 31 јули екипите на ЈП Паркови и зеленило ќе извршат сечење на 2 опасни тополи на булевар Борис Трајковски бр.9 високи над 35 метри кои се навалени над околните куќи и претставуваат сериозна закана за тамошните жители.

dobivaj vesti na viber

Бидејќи се работи за тежок и многу опасен зафат (за што се информирани и СВР и ЕВН) освен работниците од Секторот Дрвореди ќе биде ангажирано и едно возило од противпожарната служба, две возила со платформа од претпријатието, два камиони, еден багер и еден голем десеттонски камион, соопштија од Јавното претпријатие.

Можете да прочитате

Јаневска: Имаме лоша демографија, празните училници се последица на помалиот број раѓања

Јаневска: Децата ќе ги завршуваат обврските од 8 до 16:30 во училиште, дома ќе имаат време за семејството

Јаневска: 252 студенти се одбиени, дел поднеле некомплетна документација