Утрински Весник
Свет

(Видео) Три силни експлозии во Лавов, градоначалникот: Нападнати сме

(Видео) Три силни експлозии во Лавов, градоначалникот: Нападнати сме

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји, објави дека градот бил нападнат по извештаите за експлозии.

Гувернерот Максим Козитски изјави дека во градот се слушнале три силни експлозии. На истокот од областа може да се забележи густ облак од чад.

Градоначалникот Садовји предупреди дека може да следат нови удари.

Лавов е град на самиот запад на Украина, на околу 70 километри од границата со Полска. Досега тој беше релативно безбеден од руските напади. Токму во овој град побегнаа многу Украинци за да се спасат од војната, која во голема мера се одвива на истокот на земјата.

Можете да прочитате

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив да се обединат против „вистинскиот непријател“

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат