Утрински Весник
Свет

Бајден во Полска: Путин е крвник

Бајден во Полска: Путин е крвник

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го нарече својот руски колега Владимир Путин крвник, на средбата со украинските бегалци во Варшава.

Прашан што мисли за Владимир Путин, Бајден накратко рече: „Тој е крвник“, додека средбата беше пренесувана во живо на телевизиските мрежи од Националниот стадион во Варшава.

Ова не е првпат американскиот претседател остро да го критикува Путин, кого го смета за главен виновник за руската инвазија на Украина. Последните денови двапати го нарече воен злосторник.

Видно трогнат од средбата со бегалците – од кои дел рекоа дека дошле од Мариупол, пристаниште во југоисточна Украина кое во голема мера беше уништено од руското гранатирање – Бајден прегрна две помлади бегалки.

Собирајќи впечатоци по посетата на засолништето отворено на стадионот, тој рече дека тоа се прекрасни деца што ги видел и кои го замолиле да се моли за „нивниот татко, дедо и брат“.

Тој истакна дека „многу добро знае што значи да имаш некој свој во воена зона“, мислејќи на неговиот син Бо Бајден, кој почина од рак во 2015 година, а се бореше во Ирак.

Можете да прочитате

Зеленски ги повика странските претставници да не присуствуваат на парадата на 9 мај во Москва

САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормуската Теснина

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини