Утрински Весник
Македонија

(Видео) Талевски: МВР на дело покажува што значи бескомпромисна борба против корупција

(Видео) Талевски: МВР на дело покажува што значи бескомпромисна борба против корупција

Последните акции што ги презеде Министерството за внатрешни работи за разбивање на организирана група која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога се доказ за бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупцијата, изјави Миле Талевски пратеник од редовите на СДСМ.

Според него двете акции каде се уапсени и вработени во МВР се потврда како што рече на професионалниот, ефикасен и неселективен пристап на полицијата во спречувањето незаконско дејствување.

„Наместо како целата јавност да го поздрави постапувањето на полицијата, од ВМРО-ДПМНЕ повторно видовме обиди за одбрана на криминалот и криминалците. Додека траеше сложена полициска операција „Двојник“ ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обидоа да ја саботираат акцијата преку пласирање на информации во јавноста додека таа се уште траеше. Откако не им успеа обидот за саботажа, од белиот дворец продолжија да шират лажни вести и дезинформации за акцијата со што свесно и неодговорно ја загрозуваат натамошната истрага“, вели Талевски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски идентично се однесувале и за време на акцијата каде беше запленета голема количина марихуана.

„Очигледно е дека за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо тоа што законите денес важат за сите подеднакво, тоа што денес никој не е над правдата и секој одговара за сторените криминали. Тоа, не беше случај во времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста памети како во 2014 година, ВМРО-ДПМНЕ и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ја заташкаа аферата во која пасоши се печатеа во приватни домови. Јавноста многу добро памети и како синот на Трајко Вељановски беше ослободен откако беше фатен со дрога на границата со Грција“, истакна Талевски.

Тој додаде дека денес, институциите се посветени на неселективна и бескомпромисна борба против секаков вид криминал и корупција.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации