Утрински Весник
Македонија

Нови 30 дена притвор за Камчев

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев.

„ Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое се уште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја породолжи мерката притвор за 30 дена“ се наведува во соопштението од судот.

Камчев се наоѓа во притвор од 14 март, како еден од осомничените во предметот „Плацови на Водно“.

Претходно денеска, неговата одбрана соопшти дека судската одлука за притворот е незаконска, бидејќи доказите врз кои се темели истата, билке прибавени на нелегален начин.

Адвокатот на Камчев, Тони Менкиновски рече дека одбраната ќе поведе постапка за незаконитост на докази кои се поднесени од Агенцијата за национална безбендост, со што ќе бараат тој да се брани од слобода. Според адвокатот единствениот доказ врз основа на кој се темели Решението за определување на мерка притвор, никогаш не бил доставен до одбраната.

Можете да прочитате

Левица: Сомнежи за еколошки криминал во Долни Балван – фекалии се испуштаат во Брегалница?

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Владините институции ја стабилизираат состојбата во Гостивар, СДС повторно шири дезинформации

СДСМ: Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате?