Утрински Весник
Свет

(Видео) Снег за Нова Година во Египет – туристи изненадени бегаа од неочекуваното невреме

(Видео) Снег за Нова Година во Египет – туристи изненадени бегаа од неочекуваното невреме

Популарното египетско летувалиште влезе во 2022 година, под снежна покривка донесена од ненадејна бура.

Туристите во египетскиот град Хургада биле воодушевени кога местото го зафатило невреме и на првиот ден од Новата година донесе снег, што ретко може да се види таму.

На социјалните мрежи се појавија снимки од луѓето кои бегаат во своите хотели, засолнувајќи се од снегот и поголемиот град кој паѓа од небото.

Поради невремето затворени се и училиштата, а на граѓаните и на туристите им е препорачано да се држат настрана од објекти кои можат да бидат потенцијално опасни, како дрвја и улично осветлување.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови