Утрински Весник
Свет

(Видео) Снајперист пукал во минувачите на „Булеварот на славните“ во Холивуд

(Видео) Снајперист пукал во минувачите на „Булеварот на славните“ во Холивуд

Снајперист пукал во случајни минувачи во Холивуд додека обожавателите се собрале кај ѕвездата на починатиот мексикански пејач Висент Фернандез.

Нема повредении а напаѓачот е уапсен јавуваат тамошните медиуми.

Обожавателите се собрале на „Булеварот на славните“ во Холивуд покрај ѕвездата на починатиот мексикански пејач Висент Фернандез кога околу 19 часот во нив почнал да пука непознато лице од снајпер.

Напаѓачот пукал од прозорецот на неговата зграда.

За среќа нема повредени, а мажот е уапсен.

Сведоците кажале дека виделе некој како држи оружје на прозорецот, неколку минути откако напаѓачот почнал да пука.

Мотивот се уште не е познат.

Областа беше евакуирана, а полициски хеликоптери го прелетаа булеварот во Холивуд.

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам