Утрински Весник
Економија

(Видео) Се разгледува кои сектори ќе работат и во недела

(Видео) Се разгледува кои сектори ќе работат и во недела

Откако министерствата ќе го разгледаат, нацрт-законот за неработна недела ќе биде објавен на ЕНЕР за да се слушне реакцијата од јавноста, соопшти министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

„Законот за прогласување на недела како неработен ден е измена на Законот за работни односи, во членот 134, каде дефинираме дека недела е неработен ден, ако со друг закон или колективен договор не е поинаку решено. Тоа е главната измена во Законот за работни односи“, рече Шахпаска.

Здравство, полиција, противпожарните и комуналните служби се единствените кои министерката ги наведе како витално важни дејности, кои и понатаму ќе работат во недела.

„Имавме меѓусекторски и меѓуресорски консултации меѓу сите министерства за да се утврди кои сектори ќе бидат изземени од овој закон. Ние го драфтиравме законот, го испративме до сите министерства и очекуваме нивен одговор за дополнувања и сугестии“, рече Шахпаска.

Таа вели дека Министерството за труд и социјална политика има најголем буџет, во однос на другите министерства, а најави и дека Буџетот за наредната година е проектиран во насока за надминување на последиците од корона-кризата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите