Утрински Весник
Култура

(Видео) СДСМ: Платите во културата се зголемени за околу 120 отсто споредбено со времето на ВМРО-ДПМНЕ

(Видео) СДСМ: Платите во културата се зголемени за околу 120 отсто споредбено со времето на ВМРО-ДПМНЕ
Img 5587

Во овие четири и пол години, платите во културата се зголемени за околу 120 отсто споредбено со времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Софија Ристевска од СДСМ Битола.

Таа рече дека додека ВМРО-ДПМНЕ културните работници ги сведувала на административни чиновници, Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува вистинска грижа за културата и уметниците.

Img 5587

„Ако еден актер во втора група имал плата од 27.579 денари, денес тој добива плата од 39.735 денари. Актер првенец земал 34.402 денари плата, а сега зема 52,061 денар. Вработен во гардеробер за театарски костими имал плата од 14.818 денари, а денеска таа изнесува 22.480 денари. Во однос на колективниот договор, ја потсетуваме јавноста дека во културата цели 19 години немаше никаков Колективен договор. Денес, благодарение на одговорниот и инклузивен пристап на СДСМ, воведени се и додатоци за ноќна работа, за прекувремена работа, за работа за време на празници, како и за недела неработен ден“, рече Ристевска.

Додаде дека платите во културата ќе продолжат да растат, а трудот на културните работници ќе се вреднува достоинствено.

Текстот (Видео) СДСМ: Платите во културата се зголемени за околу 120 отсто споредбено со времето на ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“