Утрински Весник
Македонија

Единствена Македонија бара одговорност за пописот

Единствена Македонија бара одговорност за пописот
Img 5587

Единствена Македонија не го признава, како што вели, фалсификуваниот пописен резултат кој денес го објави марионетската власт во Скопје преку нејзиниот потрчко, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Од партијата на Јанко Бачев велат дека фалсификатот е видлив и разбирлив за секој нормален човек.

Ss1

„Според објавеното, во странство живеат само околу 75.000 Македонци во услови кога Австралија, САД, Канада… самите велат за неколку стотици илјади Македонци кои се резултат на неколку генерации Македонци уште од време на турското владеење на овие простори кога Македонците започнале да заминуваат во прекуокеанските земји, а стотици илјади Македонци има и по западноевропските држави. Исто така, според објавеното 130.000 резидентно население останува непопишанo, а општо познат факт е дека се работи за Македонци. Има и уште повеќе нелогичности во објавените резултати од кои севкупно може да се изведе аргументот дека и самата марионетска власт несвесно признава дека пописот е неуспешен“, велат од партијата.

Како што додаваат, мора да има дополнителен попис со кој ќе се преброи населението реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски.

„За Единствена Македонија нема дилема. Одговорност за фалсификуваниот попис со кој се руши темелот на државата мора да има, и ќе има“, додаваат од партијата преку соопштение.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ