Утрински Весник
Свет

(Видео) Пукање на универзитет во Русија, студентите скокаа преку прозорци, има повредени

(Видео) Пукање на универзитет во Русија, студентите скокаа преку прозорци, има повредени

Непознато лице отворило оган врз студенти и предавачи во зградата на Универзитетот во Перм, руски град на Урал, пренесуваат руските медиуми.

Универзитетот Перм соопшти дека четири лица се повредени. Апелираат до студентите во универзитетскиот комплекс да се затворат во училниците.

Дел од агенциите, повикувајќи се на извор во брзата помош, објавија дека има загинати, но засега нема потврда за таа информација.

Студентите кои бегаат од зградата низ прозорците може да се видат на видеата што очевидци ги објавуваат на руските социјални мрежи.

Можете да прочитате

Медведев по апсењето во Црна Гора: Можеме да го прошириме списокот на уапсени Европејци

Силен ураган му се заканува на Мексико

Русија со дронови нападна индустриска и цивилна инфраструктура во Николаев