Утрински Весник
Спорт

Пјаниќ си замина, сега Пуиг ќе ја трпи тортурата на Куман

Пјаниќ си замина, сега Пуиг ќе ја трпи тортурата на Куман

Роналд Куман, по заминувањето на Миралем Пјаниќ, има нова жртва. Каталонските медиуми пишуваат дека 22-годишниот Рики Пуиг,го очекува тежок период во кариерата.

Пуиг, во летниот преоден рок, не сакаше да го напушти клубот, Куман на почетокот на сезоната изјави дека младиот играч ќе добие шанса, меѓутоа досега не одигра ниту една минута во трите мечеви во Примера и дуелот со Баерн во Лигата на шампионите.

„Треба да напредува во многу работи. На последниот меч се загреваше,имаше шанса да влезе, но морав да ја сменам одлуката бидејќи Алба се повреди. Тој треба да работи многу, како и сите останати млади фудбалери“, рекол Куман.

> Пјаниќ си замина, сега Пуиг ќе ја трпи тортурата на Куман <

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата