Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пронајдено оружје во Блаце, кое потекнува од 2001 година

(Видео) Пронајдено оружје во Блаце, кое потекнува од 2001 година

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје пронашле оружје во атарот на село Бласе, во близина на границата со Косово.

Како што соопшти МВР, полицијата ја извела акцијата по претрходно добиени информации дека во Блаце има закопано разновидно оружје и муниција кои потекнуваат од 2001 година.

На местото биле пронајдени две зољи, еден РПГ7, три гранати за РПГ7, нишанска справа, две барутни полнења за РПГ7, девет парчиња муниција 7,62×54 R и два реденика кои биле закопани во земја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ЛДП: Шлаканица за сите жени – дали „машкиот надзор” е новата владина политика?! Владиниот партнер е најдобар кандидат за електронска нараквица!

СДСМ: Славески вели „сè е во ред”  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари – зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

Дождлив вторник во Македонија, врнежите ќе престануваат кон крајот на денот