Утрински Весник
Македонија

(Видео) Милошоски за разрешувањето на Пауновски: Oваа власт прифаќа само криминогено однесување

(Видео) Милошоски за разрешувањето на Пауновски: Oваа власт прифаќа само криминогено однесување

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, одговарајќи на новинарско прашање околу разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, изрази голема загриженост од односот на Владата спрема директорот на таа институција кој, како што рече, е разрешен бидејќи си ја вршел работата како што треба.

„Гледаме дека оваа Влада за жал, кога има такви луѓе кои покажуваат интегритет ги разрешува, а кога има луѓе каде што има сериозни индикации за криминогено однесување не ги разрешува, напротив ги унапредува или штити“, посочи Милошоски.

Тој смета дека случајот со директорот Пауновски само покажува дека институциите се диригирани од власта и секое покажување на самостојно мислење може да биде ризично за фукционет кој се осмелува да работи законито.

Можете да прочитате

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Еден месец од исчезнувањето на Љупчо, семејството бара помош

13 возачи уапсени за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќие