Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Компании на Данела Арсовска не плаќале струја, направиле долг од 54.000 евра

(Видео) Каевски: Компании на Данела Арсовска не плаќале струја, направиле долг од 54.000 евра
Img 5587

Документи кои се доставени до нас откриваат голем скандал поврзан со кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, соопшти Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„ Нејзина фирма „Империал – Данела“ ДООЕЛ Скопје, понатаму „Империал ДООЕЛ увоз извоз Скопје“ во кои таа била управител и сопственик, со години под закуп ја има спортската сала Расадник во Кисела Вода. Но, фирмата замислете, не плаќала струја! Фирмата на Данела направила долг од 3,3 милиони денари!

Ss1

Еве го вториот документ. Погледнете, долг од 3,3 милиони денари или 54 илјади евра. Данела ниту е чесна ниту е независна. Кандидатката на Груевски е иста како него. Ова почитувани граѓани е класичен пример за неодговорно, расипничко и недомаќинско работење. Неодговорен и нечесен однос кон имотот на граѓаните, кои се реални сопственици на салата“ рече Каевски.

Според него, ако Арсовска вака лошо управува со една сала, јасно е дека нема да може да управува со цел Град.

„ Ако не плаќала струја, не почитувала Договор, направила милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со градскиот буџет и договорите на градот. Тоа е впрочем одлика на кадрите на Никола Груевски. Тоа е одлика на ВМРО-ДПМНЕ кои 27 години го опустошија Скопје. Не може граѓаните да си ги плаќаат своите сметки а Данела на нивниот грб да се богати.

Поразот на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е јасен. Но, овде зборуваме за нешто сосема друго, зборуваме за неодговорно и недомаќинско управување на грбот на граѓаните. Има ли Данела Арсовска и други долгови и колкави се тие? Јавноста очекува одговори“ порача тој.

Ss1

Можете да прочитате

Фактор.бг: Интерес на бугарската длабока држава е ЗНАМ на Димитириевски да го ослабне СДСМ и на власт да дојде ВМРО-ДПМНЕ

Маск пристигна во Кина – 24info.mk

Пендаровски: Нашата понуда гарантира дека Македонија ќе оди напред