Утрински Весник
Македонија

(Видео) И покрај дождот, протестите продолжуваат пред Владата

И покрај дождот и оваа вечер продолжи протестот против францускиот предлог, што се одржува пред Владата.

dobivaj vesti na viber

Голема група граѓани го поминаа мостот на реката Вардар и продолжија кон зградата на Министерството за надворешни работи. Пред Владата, насобраните граѓани им дофрлаа на полицајците во кордон за тоа зошто не им се придружат во протестите. Некои од демонстрантите фрлија и петарди.

Како што беше најавено, протестот треба да заврши пред Собранието.

Можете да прочитате

ДУИ: Албанците секаде исклучени, ВЛЕН молчи

За 24 часа уапсени 16 возачи

Свечено одбележанo завршувањето на реставрацијата на старата гевгелиска чаршија