Утрински Весник
Македонија

(Фото) Демонстрантите фрлаа јајца и петарди кон зградата на МНР

Петарди, јајца и други предмети завршија во фасадата на МНР. И покрај дождливото време, колона граѓани излезе на улиците за да искаже револт против францускиот предлог. Пакет јајца донесоа со себе присутните.

dobivaj vesti na viber

„ Никогаш северна, со Македонија”, „Оставка” се дел од извикуваните пароли.

Пукотници од петарди се слушаа во центарот на Скопје. Црвени факели беа фрлани кон зградата на МНР.

Присутните стигнуваат пред Собранието каде има силно полициско обезбедување исто како и во цел центар на Скопје. Демонстрантите оставија плакат “Научете историја” и книги од Блаже Конески.

Можете да прочитате

Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!