Утрински Весник
Свет

(Видео) Индонезија: Поплави во Џакарта, евакуирани илјадници луѓе

(Видео) Индонезија: Поплави во Џакарта, евакуирани илјадници луѓе

Повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани во предградието на Џакарта, главниот град на Индонезија, поради поплавување по пукањето на насипот на реката Цитарум, соопштија властите.

Округот Бекаси во индонезиската провинција Западна Јава е погоден од поплави поради обилните дождови, пренесува АП.

Властите соопштија дека се урнати браните не само на реките туку и на каналите за наводнување, а спасувачите велат дека повеќе од 28.000 луѓе биле погодени од поплавите.

Илјадници куќи во областа погодена од поплавите се покриени со вода висока до 2,5 метри и немаат електрична енергија.

Сезонските дождови во последните денови предизвикаа десетици свлечишта и поплави во поголем дел од Индонезија, која опфаќа повеќе од 17.000 острови.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Членот на израелскиот воен кабинет Ганц најави заминување од Владата ако до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план

ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа

Шолц наместо во изборна кампања направи обиколка на поплавените региони во Германија