Утрински Весник
Свет

„Фејсбук“ ја отстрани страницата на државната телевизија на Мјанмар

„Фејсбук“ ја отстрани страницата на државната телевизија на Мјанмар

Компанијата „Фејсбук“ денеска ја урна страницата на државната ТВ Мјанмар, еден ден откако на таа телевизија беше објавено предупредувањето до демонстрантите против воената хунта да не излегуваат на улица, бидејќи конфронтацијата може да биде опасна по живот.

„Во согласност со нашиот глобален бизнис, ние ги симнавме страниците на МРТВ и МРТВ во живо, поради чести прекршувања на нашите стандарди, кои ги вклучуваат и оние за употреба на насилство и поттикнување  насилство“, објави „Ројтерс“.

„Фејсбук“ во последниве години ангажираше активисти за граѓански права и демократски политички партии во Мјанмар и се спротивстави на војската откако се најде под силни меѓународни критики за неуспехот да се вклучат кампањи за омраза преку интернет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД ја известиле Москва за закана од терористички напад со многу жртви

Масовни протести во Франција, запален и еден полицаец

Пукање во Калифорнија, едно лица загинато, шест повредени