Утрински Весник
Свет

(Видео) Жена се заканувала дека ќе се разнесе на железничка станица во Лион

(Видео) Жена се заканувала дека ќе се разнесе на железничка станица во Лион

Желелезничката станица Пар-Диу во Лион е евакуирана поради пријава за бомба, а во тек е полициска акција, соопшти полицијата, додавајќи дека едно лице е уапсено.

Локалниот весник „Прогрес“ од Лион објави на својата веб-страница дека жена која носела неколку торби се заканувала дека ќе се разнесе и извикала „Алаху Акбар“.

Тимот за деактивирање на експлозивни направи е на местото на настанот и врши проверка, пренесува Ројтерс.

Полицијата и армијата формираа кордон околу станиците и го затворија пристапот.

Железничката компанија СНЦФ на Твитер потврди дека сообраќајот околу Лион е прекинат.

Новинарот Џулиен Дамбоа наведува дека патниците го оставиле багажот и побегнале од станицата, пренесува Дејли експрес.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Норовирус се шири на луксузен крузер: Повраќање и дијареја кај над 100 лица

Украински беспилотни летала погодиле објект во Летонија, министерот за одбрана поднесе оставка

Фицо: Зеленски треба да му се јави на Путин