Утрински Весник
Магазин

(Видео) Вратете ми го животот: Бритни Спирс во најавата за новиот документарец

(Видео) Вратете ми го животот: Бритни Спирс во најавата за новиот документарец
Ss2

Поп ѕвездата Бритни Спирс моли за слобода од контроверзното старателство во новиот трејлер за експлозивниот документарец на Нетфликс, Britney vs. Spears („Бритни против Спирс“).

„Само си го сакам својот живот назад“, ѝ рече таа на судијката Бренда Пени од Лос Анџелес претходно оваа година во текот на телефонско сведочење. „Работев цел живот. Не им должам ништо на овие луѓе“.

300x250 (7)

Бритни е под таканаречен конзерваторски надзор веќе 13 години, а нејзиниот татко ја има контролата над сите нејзини лични и финансиски одлуки.

Бритни му рекла на својот адвокат дека таткото, Џејми Спирс, ѝ се заканил дека ќе и ги одземе децата, пренесува британски „ Сан “.

Новиот документарен филм треба да биде објавен во вторник, 28 септември, ден пред главното судско рочиште, каде што ќе се бори против својот татко, Џејми, за укинување на спорното старателство.

Ss1

Можете да прочитате

Меланија Трамп почна со дизајнирање и продажба на накит

Словенец освоил 60 милиони евра на европската лотарија

Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж” во Париз