Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во Тетово симпатизери на СДСМ слават победа со огномет

(Видео) Во Тетово симпатизери на СДСМ слават победа со огномет

Неколку стотици симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз и на партиите од коалицијата „Можеме“ се собраа вечерва пред седиштето на СДСМ во центарот на Тетово за да ја прослават, како што велат, победата на парламентарните избори.

Десетина момчиња запалија факели стоејќи на средината на булеварот „Илирија“, додека траеше неколкуминутен огномет, a симпатизерите славеа со знамиња и вклучени сирени на автомобилите.

Според првичните резултати што вечерва ги објави ДИК, во Тетово коалицијата „Можеме“ освоила 20,35 отсто од гласовите, додека за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гласале 15,39 отсто од излезените избирачи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Претреси во приватна болница и ФЗО, неофицијално меѓу осомничените и Ден Дончев

Три дена дожд, заладување и снег на планините

Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.