Утрински Весник
Магазин

(Видео) Били Ајлиш падна на концерт

На социјалните мрежи се шири видео од концертот на младата музичка ѕвезда Били Ајлиш на калифорнискиот музички фестивал Коачела.

Додека ја пееше песната „Getting Older“, од нејзиниот втор студиски албум „Happier than ever“, и се повлекуваше од сцената, Били доживеа несреќа – се сопна и падна, а потоа лежеше со нозете кренати извесно време, пренесуваат медиумите во светот.

Додека така лежеше на подот, таа се насмеа во себе, а потоа им се обрати на присутните и рече: „Добро, ајде да танцуваме“.

Снимката од концертот набрзо стана вирална, а еден од коментарите за ова беше ироничен.

„Не, воопшто не се смеевме“, напиша еден корисник на Твитер.

Медиумите потсетуваат дека Били доживеа слична несреќа на сцената пред три години.

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување