Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ангелов изврши увид на санирањето на критичните точки за поплавување во Босилово

(Видео) Ангелов изврши увид на санирањето на критичните точки за поплавување во Босилово

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов заедно со градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, оствари увид на санирањето на критичните точки за поплавување на реката Струмица.

Проверени биле месните локални канали каде што се излева водата при големи врнежи и порои, како што беа неодамнешните декемвриски поплави во 2021 година во оваа општина.

„Веднаш по поплавите на 21 декември минатата година при првата посета на критичните точки во Босилово, беа разгледани потребите и можностите за идна координација на употреба на ресурсите и субјектите од Системот за управуваање со кризи (СУК).

Денеска на терен беа посетени истите критични места при што се изврши увид на санацијата на истите“, се наведува во соопштението на ЦУК.

Можете да прочитате

Меџити: Ја напуштам Владата, тргнува во битката за Чаир

Делегации на СДСМ за Илинден во Крушево, Скопје и Пелинце

На „Табановце“ се чека околу 45, на „Богородица“ околу 30 минути