Утрински Весник
Спорт

Вест Хем во 91.минута се спасија од пораз кај Лестер

Вест Хем во 91.минута се спасија од пораз кај Лестер

Вест Хем освоија бод на „Кинг Пауер“ во Лестер во 25.коло. Досон постигна гол во 91.минута и ги постави конечните 2:2.

Вест Хем преку Боувен го отворија резултатот во 10.минута. За напаѓачот на „чеканите“ ова беше петтиот гол на последните пет натпревари.

Лестер израмнија со гол од пенал, преку Тилеманс во 45 минута, а Переира се погрижи за пресврт во 57.минута.

Вест Хем се четврти на табелата со поен повеќе и натпревар помалку од Манчестер јунајтед. Лестер се без победа од 8.јануари. „Лисиците“ останаа на 11.место со 27 бода.



> Вест Хем во 91.минута се спасија од пораз кај Лестер <

Можете да прочитате

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот

Ѓорческа во првото коло на Вимблдон против ланската финалистка Анисимова

Еквадорскиот претседател го прогласи денешниот ден за национален празник