Утрински Весник
Спорт

ВАР го потврди голот на Габијадини откако тој ја напушти играта

ВАР го потврди голот на Габијадини откако тој ја напушти играта

Сампдорија ја победи Џенова со 3.1 и ја продлабочи кризата на градскиот ривал. Два гола за Сампдорија постигна Маноло Габијадини, кој ја продолжи голгетерската серија во градското дерби.

Натпреварот го обележа третиот гол на Габијадини во 67.минута, го прослави на клупата за резерви.

Стрелецот на вториот гол, Франческо Капуто, прифати една долга топка, ја проследи до Габијадини кој само ја спроведе во мрежата. Голот беше поништен поради офсајд.

Кога започна ВАР проверката, Габијадини го напушти теренот, местото му го отстапи на Валери Вере.

На крајот, откако беа извлечени линиите, ВАР го потврди голот на Габијадини.

> ВАР го потврди голот на Габијадини откако тој ја напушти играта <

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија