Утрински Весник
Свет

Бугарските социјалисти ќе се обидат да формираат влада

Бугарската социјалистичка партија (БСП) ќе се обиде да го реализира третиот мандат, одлучи Националниот совет на партијата со 96 гласа „за“, 15 „против“ и два воздржани.

dobivaj vesti na viber

„Отворено и искрено водевме преговори за формирање влада. Последнава недела изработивме менаџерска и законодавна програма за следните 6 месеци. Доколку програмата собере мнозинство од најмалку 121 лице, следниот ден поднесуваме кандидат за премиер, тоа ќе биде Асен Василев . Доколку програмата не собере мнозинство, во петок го враќаме мандатот неисполнет“, изјави лидерката на БСП, Корнелија Нинова, пренесе БНР.бг.

„Сè уште не сме разговарале за министри, прво ја носиме програмата, први се политиките, па потоа ќе ги бараме луѓето што ќе ги спроведуваат овие политики“, додаде таа.

Наведе дека точките од програмата се борбата против корупцијата, во економскиот дел станува збор за законите и мерките за стабилизирање на економијата, поддршка за семејствата и домаќинствата во тешките месеци, како и законите според Планот за закрепнување.

Можете да прочитате

Дрон се урна во северна Литванија, оштетувајќи автомобил во движење

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг – пробиена заштитната ограда

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата