Утрински Весник
Свет

Бугарските социјалисти ќе му го вратат мандатот на Радев

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Бугарската социјалистичка партија утре ќе го врати мандатот неисполнет. Ова го соопшти претседателот на пратеничката груупа на БСП, Георги Свиленски. Одговорноста е на ГЕРБ, ДПС, ИТН и на Вазраждане, рече тој.

Pet Utrinski

dobivaj vesti na viber

„Она што се случи денеска му покажа на бугарското општество кој на која страна е од оваа линија на поделба – народот и партиите, кои сакаат да се борат против корупцијата и оние што сакаат да ја заштитат корупцијата“, изјави Свиленски откога законодавна програма на БСП не влезе во неделната програма на Народното собрание.

Screenshot

„На сите ни стана јасно, а исто така и на бугарските граѓани, дека Вазраждане е патерица на ГЕРБ, а ИТН на ДПС. Стана јасно дека од првиот ден, кога ИТН објави желба за разговори, сè беше лицемерно однесување и никогаш немале намера Бугарија да има влада и работно мнозинство. Во оваа ситуација и според одлуката на Националниот совет на БСП, утре ќе му го вратиме мандатот на претседателот Радев како неисполнет“, рече Свиленски, пренесе „БНР.бг“.

На прашањето кога ќе бидат закажани парламентарните избори, Свиленски одговорот го упати до претседателот и до претседателската институција.

Можете да прочитате

Иранската влада свика итен состанок по смртта на Раиси

Кој беше Ебрахим Раиси

Утрински Весник

Нема преживеани во хеликоптерската несреќа со иранскиот претседател, објавија иранските агенции