Утрински Весник
Свет

Бугарите ќе можат да патуваат во Турција само со лична карта

Бугарските државјани ќе можат да влегуваат во Турција без пасоши, туку само со лични карти, пренесува турскиот информативен сајт „Дикен“, повикувајќи се на указ на претседателот Реџеп Таип Ердоган, објавен во денешниот број на турскиот државен весник.

dobivaj vesti na viber

Според одлуката, Бугарите ќе можат да влезат во Турција со лична карта во случај на транзитна или туристичка посета до 90 дена во рок од 180 дена, според објавеното решение, пренесува БТА.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови