Утрински Весник
Економија

Бислимовски со предлог до синдикатите: Проширување на листата на граѓани со субвенции или намалување на ДДВ-то за потрошената струја

Бислимовски со предлог до синдикатите: Проширување на листата на граѓани со субвенции или намалување на ДДВ-то за потрошената струја
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Проширување на листата на граѓани кои се опфатени со субвенции за енергетска сиромаштија со оние лица кои се погодени од здравствената криза е една од опциите што може да се преземе за да се заштитат ранливите потрошувачи погодени од Ковид кризата – е предлог – решението од РКЕ за кое синдикатите посочија дека ќе го разгледаат во рамките на органите и телата на синдикатите и за истото ќе продолжат со разговорите на следните состаноци на кои ќе бидат поканети и граѓански организации.

„ Станува збор за механизам кој подразбира привремено проширување на постоечка листа за надоместок за енергетска сиромаштија со лица кои се погодени директно од здравствената криза. Ние треба да им помогнеме на најранливите, а не да ги субвенционираме богатите – ова воедно е и заедничка препорака на РКЕ и Секретаријатот на Енергетската заедница. Институциите мора да разгледаат кои предлог- решенија се применливи: проширување на листата на граѓани со субвенции, намалување на ДДВ-то за потрошената електрична енергија и слично. Сега на потег е Собранието и надлежните министерствата како предлагачи на измени во закон“ посочи претседателот на Бисмилоски на состанокот со синдикалните лидери.

Бислимоски информираше дека Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е ставена на располагање со сиот свој капацитет да биде логистика во процесот на разговори кои синдикатот ќе го води со владата и со соодветни анализи и практики да го аргументира барањето за помош кон најранливите категории на граѓани.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЈП потсетува: Рок до 31 декември за извештаи за зелените пазари

Магистралните гасоводи за кои се вложени над 143 милиони евра се уште не се ставени во употреба

УЈП со повик до организаторите на зелени пазари до 31 декември да поднесат Извештај ПДД-И/ЗП