Утрински Весник
Македонија

Претреси на две локации во Кондово, приведен 34-годишпен маж

Претреси на две локации во Кондово, приведен 34-годишпен маж
Ss2

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршија претреси на две локации во С. Кондово- Скопје и при тоа го приведоа 34-годишниот С. И. осомничен за кривично дело „грабнување“, извршено на 08.09.2020.

СВР Скопје – Единица за насилен криминал претходно поднесе кривична пријава против Р.А.(32), Ј.И.(36), Б.Џ.(27), С.И.(34) и Л.Р.(31), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик. На 08.09.2020 околу 22.00 часот на автопатот Скопје-Тетово, на наплатната рампа кај с.Глумово, во организација на првопријавениот и петтопријавената, третопријавениот и четвртопријавениот со патничко возило му го пресекле патот на Б.М.(34) од Гостивар, кој бил со своето патничко возило „масерати“. Им се приклучил и второпријавениот и сите заедно физички го нападнале Б.М., по што насилно го внеле во неговото возило и го однеле на автоплац во с.Кондово, сопственост на првопријавениот, каде повторно физички го нападнале. Прво, второ и третопријавениот, поради наводен долг од 20.000 евра, го присилиле оштетениот да влезе во возилото „бмв Х5“ и го однеле во нотарска канцеларија во Тетово, каде го присилиле да направи купопродажен договор за неговото возило „масерати“ да се префрли на име на првопријавениот. После тоа, го однеле оштетениот на бензинска пумпа кај с.Желино.

По пријавување на настанот, СВР Скопје презеде мерки и бил извршен претрес во домот на првопријавениот, при што со потврда било одземено возилото „бмв Х5“. Од слобода биле лишени второ и третопријавениот, а на разговор била повикана петтопријавената. На 10.09.2020, по претходен распишан распис, сам се пријавил првопријавениот и со него бил извршен разговор, по што бил задржан за понатамошна постапка, а денеска е приведен и С.И..

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Млад скопјанец пронајден починат во својот дом

Ковачевски: Не е точно дека подготвуваме бојкот, повикуваме на масовно гласање за претседател и нов парламент

Малолетник силувал малолетничка од Струмичко