Утрински Весник
Свет

Бил Клинтон хоспитализиран на интензивна нега

Бил Клинтон хоспитализиран на интензивна нега
300x250 (7)

Поранешниот американски претседател, Бил Клинтон, е хоспитализиран во Калифорнија под сомнение за инфекција на крвта.

Си -Ен -Ен објави дека Клинтон (75) бил сместен на одделот за интензивна нега. Неговата состојба не е поврзана со претходни проблеми со срцето или Ковид-19.

Ss1

„Станува збор за инфекција на уринарниот тракт што се прошири во неговиот крвоток“, велат лекарите за Си -Ен -Ен.

„Во вторникот вечерта, поранешниот претседател Бил Клинтон беше примен во болница за лекување на инфекција која не е ковид.Тој се опоравува, добро е расположен и благодарен е на лекарите, медицинските сестри и персоналот што му пружија одлична нега“, објави неговиот портпарол Ангел Урена на „Твитер“.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња