Утрински Весник
Магазин

Кинески плус-сајз музичари сакаат да ги инспирираат фановите

Кинески плус-сајз музичари сакаат да ги инспирираат фановите
300x250 (7)

Вклучете се на која било телевизиска емисија во Кина и најверојатно ќе видите славна личност со совршена фигура. Но, Produce Pandas, познат како прв плус-сајз машки бенд во земјата, е дел од новиот бран славни личности поприфатливи за гледачите, пишува британски „Би-би-си“.

Ова се случува кога речиси сите селебрити-личности во Кина се критикувани дека се „опседнати со имиџот“, а владата најави сузбивање на феминизирани машки sвезди.

300x250 (7)

„Пандите“, кои дебитираа во јули минатата година, пеат оптимистички песни за самодоверба и верба во себе. “Не воздржувајте се. Ако сте побуцмасти, повеќе привлекувате очи”, пеат во еден од нивните хитови Stand Up.

Динг, еден од членовите на на бендот, за Би-би-си вели: „Не можеме да кажеме дека претставуваме различни луѓе, само се надеваме дека нашиот став може да даде добри вибрации.“

„Едно време, добивме писмо од девојка која не беше самоуверена. Таа беше полничка и се соочуваше со потешкотии поради тоа. Откако виде како функционира нашиот бенд, тоа ја разведри и направи да биде посигурна во себе.“

„Чувствувам дека на секого можеме да му донесеме радост и позитивна енергија, и тоа сакаме да го направиме за сите,“ рече Динг во интерву за „Би-би-си“.

Ss1

Можете да прочитате

Бојата на јазикот може да предупреди на рак или дијабетес, тврдат научниците од Харвард

Овие пијалоци и храна може да предизвикаат мигрена

Во посета на Бимилк 200 деца од градинката „Пролет“ се запознаа патот на млекото