Утрински Весник
Македонија

Билетот за едно возење од денеска може да се користи на сите линии на ЈСП

(META) Откако беше пуштен во пробна употреба на дел од линиите од скопскиот јавен превоз, билетот за едно возење од денес може да се користи на сите градско-приградски линии во Скопје, информираат од ЈСП. Билетот за едно возење чини 50 денари и истиот може да се купи во сите возила на ЈСП Скопје и во билетарниците на јавното сообраќајно претпријатие.

„Билетот е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори“, се вели во соопштението на ЈСП.

Цената на останатите видови билети за скопскиот јавен превоз останува непроменета. И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари и слично.

Од ЈСП – Скопје велат дека билетот за едно возење значително ќе го олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, како и за странците кои сакаат да патуваат со јавен превоз во Скопје. Овој билет е наменет првенствено за оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење на јавен превоз со картичката „Скопска“ или со мобилен телефон.

Пред комерцијално пуштање во употреба е и новата апликација за паметни телефони, со кои граѓаните преку нивните уреди ќе можат да ги купуваат услугите од јавниот превоз, да ги планираат своите патувања со автобус и да добијат информации во реално време за возниот ред на автобусите. Меѓу другите поволности што веќе се реализираат е и поставувањето на дополнителни валидатори за патниците на задните врати во автобусите од скопскиот јавен превоз.

Сите овие поволности што ги реализираат од ЈСП се со цел за зголемување на атрактивноста за користење на јавниот превоз во главниот град. Тендерот за нивното воведување го спроведе „Македонски Телеком“, за што беа вложени над 2,2 милиони евра од страна на ЈСП – Скопје.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Ставот за прегласувањетo ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од Фронтот, но ние ќе ги обелодениме сите детали од тајните договори