Утрински Весник
Македонија

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници за сите граѓани на Р.С.М

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници за сите граѓани на Р.С.М

ЈП паркинзи на Општина Центар донесе одлука на 31.12.2021 година (петок) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува претпријатието да работат до 15:00 часот, катната гаража до 17:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работи до 15:00 часот.

На 01.01.2022 година (сабота) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2022 година (понеделник) со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници на 06.01. (четврток) и 07.01.2022 година (петок) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2022 година (сабота) со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна