Утрински Весник
Свет

Шефот на кинеската дипломатија: САД ризикуваат да платат премногу за Тајван

Шефот на кинеската дипломатија: САД ризикуваат да платат премногу за Тајван

САД ризикуваат да платат премногу за своите постапки во Тајван, изјави денеска кинескиот советник и министер за надворешни работи Ванг Ји.

„Со охрабрување на независните сили на Тајван“, Соединетите Држави не само што го туркаат „Тајван во исклучително опасна ситуација“, туку се изложуваат на плаќање „неподнослива цена“, рече Ванг во интервју за кинеските државни медиуми.

ЕУ има поделена политика кон Кина, обидувајќи се да биде и партнер и противник, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји за државните медиуми.

Односите меѓу Кина и ЕУ се влошија оваа година, откако договорот за инвестирање беше замрзнат поради санкциите, додека Литванија, членка на европскиот блок, ги повлече своите дипломати од Пекинг поради несогласувања околу статусот на Тајван, објави Ројтерс.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид