Утрински Весник
Економија

Бензините и дизелот поевтинуваат половина денар

Бензините и дизелот поевтинуваат половина денар

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на цените на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на претходната недела.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за половина денар по литар и од полноќ ќе се продаваат, по нови, намалени цени:

– Бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 71 денар/литар
– Бензин ЕУРОСУПЕР БС -98: 73,50 денари/литар
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 62 денарa/литар

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво од минатата недела од 62 денара/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,195 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,681 ден/кг.

Можете да прочитате

Скандал: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење”

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година