Утрински Весник
Спорт

Барселона: Преку нас некој се обидува да му ја зголеми цената на Мбапе

Барселона: Преку нас некој се обидува да му ја зголеми цената на Мбапе

Нов ден и нови информации за можниот трансфер на Килијан Мабпе. Водечкиот француски спортски медиум „Екип, пред полноќ, објави дека Барселона се вклучила во трката за потписот на напаѓачот.

Претпладнево од „Ноу Камп“ пристигна демант, Барселона соопшти дека клубот не е заинтересиран за Килијан Мбапе.

Преку „Мундо депортиво“, Барселона соопшти дека немало никакви контакти со Мбапе, ПСЖ и претставниците на фудбалерот.

„Фокусирани сме на други фудбалери. Некој сака да ја крене цената на фудбалерот, пред летниот преоден рок, поради што нас не поврзаа со Мбапе“.

Наводно Барселона е фокусирана на Ерлинг Халанд, а вчера се појави информација дека клубот покажува интерес и за Роберт Левандовски.

> Барселона: Преку нас некој се обидува да му ја зголеми цената на Мбапе <

Можете да прочитате

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден

Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА